Министерот Љупчо Николовски во текот на вчерашниот ден соопшти дека до Владата ќе биде доставено барање за формирање на координативно тело за следење и спречување на африканската свинска чума.
„На моја иницијатива заедно со сите засегнати страни и надлежни институции одржавме состанок на кој детално беа разгледани сите досегашни активности на АХВ за спречување на африканската свинска чума. Заеднички подготвивме дополнителни предлог-заклучоци и предлог мерки за делување, и истите ќе ги предложам на владина седница.
Една од мерките која утре ќе биде доставена до Владата е формирањето на координативно тело за следење и спречување на африканската свинска чума, кое се формира токму по барање од здруженијата во свињарскиот сектор.
Силно апелирам до сите институции за максимална вклученост во битката за спречување на ширењето на оваа болест.“, рече Николовски.