Почна бербата на пиперката „ајварка“

Вести

Во Струмичко почна бербата на пиперката „ајварка“ од сортата „куртовска капија“. Откупната цена за прва класа е 18 денари за килограм.

Производителите велат дека секоја година оваa градинарска култура зрее порано бидејќи се сади во пластеници, а на отворено ја има се помалку.

-Иако календарски сезоната за подготвка на ајвар е идниот месец, сепак има интерес за црвената пиперка. Засега ја откупуваат производствените капацитети, но интерес има и од странство, велат производителите.

Додаваат дека откупната цена од 18 денари за прва класа им е неисплатлива, бидејќи производството во пластеници е поскапо од тоа на отворено.

Земјоделците сметаат дека за нив исплатлива цена е 20 денари за килограм за прва класа пиперка „ајварка“ и дека со трите денари субвенции за секој предаден килограм ќе бидат задоволни од постигнатата цена.

Годинава производството на оваа сорта пиперка е намалено за 10 илјади тони во споредба со лани кога родот тежел скоро 60 илјади тони. И покрај тоа земјоделците уверуваат дека ќе нема проблеми со недостиг на пиперка за подготовка на ајвар.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *