Почнаа жетвените активности во Дебарско

Вести

Во Дебарско почнаа жетвените работи и според првичните информации, земјоделците може да бидат задоволни од приносите по единица хектар.

– Иако е сеуште рано да се зборува бидејќи сме на самиот почеток на  жетвата, сепак, очекуваме земјоделците да остварат добри приноси. Од досега ожнеатите 10-на хектари приносите се 2.000 – 3.000 килограми по единица хектар, изјави Арбен Муладаути, овластен раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство.

Земјоделците од општините Дебар и Центар Жупа треба да ожнеат 400 хектари од кои 150 со јачмен, 80 со пченица и 65 со тритикале. Остнатите површини се под `рж и овес.

Жетвата се извршува со сопствена механизација на земјоделците и тука нема никаков проблем.

Организиран откуп во Дебар нема зашто дел од пченицата се меле во брашно за свои потреби, додека останатите количини се користат за добиточна храна, а мала количина оди на дебарскиот пазар. Дел, пак, од житото се чуваат за следната сеидба.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *