Почнува изградбата на малиот систем за наводнување во Теарце

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и в.д. амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Џулијан Васало денеска ќе го означат почетокот на градежните работи за малиот систем за наводнување во селото Теарце.

Николовски и Васало ќе бидат придружувани од градоначалникот Нухи Незири.

Како што соопшти Канцеларијата во Скопје, ЕУ ја поддржува изградбата на три нови системи за наводнување од мал обем – во Теарце, Пишица и Конопница, со кои ќе бидат опфатени околу 500 хектари земјоделско земјиште во три општини (Теарце, Пробиштип и Крива Паланка). Трите системи, во вредност од 2,5 милиони евра, вклучуваат структури за пренасочување на реките и изградба на мрежи за наводнување во должина од 33 километри и речиси 250 структури за поставување хидранти и водомери.

Системот Теарце е двоен и опфаќа пренасочна структура на реката Бистрица и мрежа за наводнување во земјоделската област на село Теарце. Системот за наводнување е базиран на гравитација со контролиран и измерен режим на проток, со што придонесува за здрава почва, што дополнително овозможува здрава и достапна храна.

-Овој пристап „од нива на трпеза“ е во срцето на Европскиот зелен договор, со цел да ги направи прехранбените системи фер, здрави и еколошки, наведува Канцеларијата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *