„Поддршка на Интегриран развој на локалните заедници“ – прва работилница во Битола

Вести

Денеска во Битола се одржа првата „работилница за интегриран развој на локални заедници”  во Центарот за култура, мала сала, со почеток од 12:00 часот.

Работилницата беше во организација на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО), во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамки на проектот „Поддршка на Интегриран развој на локалните заедници“ (TCP/MCD/3702). Проектот е со времетраење од две години, а ќе се спроведува на две пилот подрачја и тоа: Пилот подрачје бр. 1: Соколарци, Спанчево и Чешиново и Пилот подрачје бр. 2: Оптичари, Егри и Жабени.

На работилницата присуствуваа над 50 земјоделци од селата Егри, Оптичари и Жабени, советници од АПРЗ, претставници од МЗШВ и од МЗШВ ПЕ Битола, претставници од геодетски компании и од земјоделското здружение од пелагонискиот регион „Современо Земјоделство“.

Сите присутни низ дискусија предложија што се им е потребно, за да се подобрат условите за живот во нивното село.

Проектот има за цел да помогне во идентификување на потребите на заедницата и преточување на истото во плански документ за локален развој. Воедно, преку взаемната соработка на локалното население се отвора аспект на градење на капацитетите на МЗШВ, преставниците на регионалната и локалната власт, земјоделските советници и други релевантни чинители, во делот на политиките на земјоделство и рурален развој, како и во подготовка и спроведување на планови за интегриран локален развој во двете пилот рурални заедници.

Крајната цел на поддршката е да се решат клучните проблеми на населението од руралните средини преку поддршка на малите земјоделски стопанства и семејните фарми да ги подобрат условите за живот, да добијат пристап до пристојна работа и до продуктивно, оддржливо вработување. Врз основа на утврдените потреби, покрај напорите за консолидација на земјиштето, проектот ќе помогне во зајакнување на развојот на локалните заедници, помагајќи им на малите земјоделски стопанства да применат одржливи технологии на производство, да инвестираат во мерки за прилагодување кон климатските промени, да ги диверзифицираат нивните приходи, да пристапат до мерките за финансиска поддршка кои се потребни за унапредување на земјоделското стопанство, да го подобрат вредносниот синџир и пристапот до нови пазари.

М-р Билјана Петровиќ

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *