Поддршка од Светска Банка за проектите од областа на економијата, вклучително и земјоделството

Вести

Денеска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работна средба со министрите од економскиот ресор и со новиот извршен директор на Светска банка, Кун Дејвидсе.

-На средбата разговаравме за поддршката од Светска банка во периодот 2019-2023 и за реализација на проектите од областа на економијата, вклучително и земјоделството, истакна Николовски.

Во моментов во тек е проектот „Функционална анализа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, кој е финансиран од Европската Унија, а се спроведува од Светска банка.

-Целта на овој проект е зајакнување на капацитетите на МЗШВ и создавање квалитетна администрација и соработка меѓу институциите. Ова ќе значи навремени и квалитетни услуги за земјоделците и за сите граѓани, рече Николовски. 

Николовски нагласи дека во следниот период со поддршка на Светска банка ќе се започне проектот за „Модернизација на земјоделството“, којшто ќе опфати повеќе сегменти, меѓу кои поддршката за изградба на откупно-дистрибутивни центри, што е важно за сигурен пласман на земјоделските производи.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *