Подмладување на стари јаболкници

Вести Овоштарство Совети

Повеќето од постојните дрвја  на јаболка во нашата област се во период на стареење и изумирање, па затоа им треба посебна грижа.


Гранките  на старите сорти на јаболка се наоѓаат главно само на краевите на крошната, растот на гранките е минимален, а коренскиот систем генерално веќе не се обновува, со што се намалува приносот и квалитетот на овошјетото кај старите дрвја.

Старите јаболкници се режат, продолжувајќи го нивниот животен век и периодот на плодност. По режењето  дрвото дава повеќе плодови кои  се  со подобар квалитет.  Со режењето се отстрануваат оштетените  и суви гранки, како и оние што се обесени заради вишок од претходната година. Крошна се изретчува со сечење на секоја друга гранка, со што се стимулира растот на нови гранки.

Интензитетот на режењето се прилагодува со  состојбата на крошната, така што посиромашната крошна се реже помалку. По интензивното режење , во текот на две години, здравото овошје обично има многу нови гранки што треба повторно да се сечат  за да формираат нова, подмладена крошна. Ваквата операција може да го зачува плодот некое време и да ја спаси сортата од истребување.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *