Подмладување на винова лоза

Вести Лозарство Совети

Kaj различни сорти на винова лоза, должината на ластaрoт е различна, при што можат да се разликуваат како плодни и неплодни и да се започне со режење.

Генерално, може да се каже дека кон режење се пристапува кога должината на ластарите, обично е помеѓу 15 и 35 см. Сепак, со оглед на тоа што сите пупки во пролет не се растат во исто време, режењето обично треба да се врши во два наврати – првпат кога ластарите се со должина од 15 см, а додека вториот пат се пристапува кон пиницирање (отстранување на врвот на пупките и малите лисја).

Преку режењето, најпрво се отстрануваат ластарите кои никнале на стари гранки и неродни ластари кои се равиле на плодна гранка. На краците и на неродните чворови, исто така може да има многу неродни гранки, посебно ако при режењето сме оставиле многу малку пупки. По правило и тие обично се отстрануваат, но ако тие се наоѓаат на основата и се со премногу издолжени краци или чворови, тие се оставаат, како следната година би послужиле за подмладување на смата гранка или некој дел од неа.

Голем број на неродни ластари се оставаат на гранката и во случаи кога на гранката нема доволен број на плодни ластари, а и кога воопшто ги нема. Конкретно, со цел листовите да можат да произведат соодветна количина на храна, потребен е одреден број на ластари на гранката, без разлика на тоа дали се плодни или не. Покрај тоа, при режењето се остава одреден број на ластари, без разлика дали се плодни или не.

Од гранката најпрво се отстрануваат непотребните неплодни ластари. Ако од една пупка илезат два или три ластари, се остава само една, да биде плодна, а другите се отстрануваат. Така, евидентно е дека за време на плевењето, се отстрануваат и голем број на плодни ластари, првенствено оние кои се застарени и неразвиени.

Сепак, одредени години, особено на бујните и трпезни сорти, никнуваат многу голем број на плодни ластари, кои доколку не ги исчистиме, премногу би ја оптеретиле самата гранка. Како последица на тоа, би се случило бавното дозревање на ластарите и гроздовите на нив и би дошло до слабо формирање и диференцијацијата на пупките. Во наредната година таквите гранки ќе имаат слаба плодност и недоволна клисна маса и би заостанувале со развојот.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *