Подобар квалитет на почвата со нов препарат

Вести

Земјоделските иноватори се претставија пред пелагониските земјоделци за новата агроеколошка минерална практика за плодна почва и поголеми и поквалитетни еколошки производи.

Од пред пет години започнатите лабараториски испитувања, од лани се практикуваат на опитните полиња во повеќе региони. Едно од нив е на парцелите на земјоделецот Љубе Змејковски, кој вели дека тутунот дал поголеми приноси од просечните.

„И годинава опитот ќе биде на тутун се надевам дека резултатите ќе се повторат и дека оваа мерка ќе биде благодет за земјоделците“, вели земјоделецот Љубе Змејковски.

Засега се практикува во Кина и Јапонија, а во европски рамки сме лидери, вели предводникот на иноваторскиот тим Љупчо Деспотовски. Технологот во Скопски легури, и самиот земјоделец, вели дека целта била да се надминат важни проблеми кои го пратат земјоделието преку употреба на некои неискористени состојки.

„Се добива на 1.200 степени температура во голем млаз на вода и создава една порозна структура кој денес некој модерно ја вика нано- технологија“, вели иноваторот Љупчо Деспотовски.

Агрономите забележале дека ги регулира водно воздушниот и топлотниот режим на почвата, а влијаело и на другите важни параметри.

„Важна карактеристика е и тоа што задржува до 60 проценти влага, а потоа постепено ја испушта како системот капка по капка. Истото го прави и со хранливите материи“, вели агрономот Мирослав Васовиќ.

„Поставивме повеќе опитни полиња и за скоро ќе имаме табела на сите параметри кај културите“, вели раководителот на сектор при АПРЗ.

Межу важните карактеристики е и тоа што ги впива штетните метели во загадените региони. Досегашните опити најдобри резултати дале кај оризот, каде приносот бил зголемен за 200 проценти.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *