На вчерашната седница Владата на Република Македонија, ја разгледа и усвои Информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку колективен договор.
Со одлука се задолжува Министерството за финансии, при подготовката на идниот ребаланс на буџетот за 2018 година да ги има во предвид овие финансиски средства, и истите да бидат распределени во буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Владата го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рамките на своите буџетски можности да пренамени средства од својот буџет и да обезбеди средства за обврските согласно содржината на информацијата бидејќи припадниците на шумската полиција припаѓаат во групата на овластени службеници.