Во средината на месецот се започнува со жетвата на јачменот. Кај пченицата треба да се продолжи со мониторинг на појава и развој на прашкаста мувла и напад од инсекти и по потреба треба да се третира со соодветни фунгициди и инсектициди. Овесот потребно е да се следи заради појава на житна пијавица и по потреба да се третира со соодветни регистрирани за таа цел препарати.
Кај компирот продолжува борбата против компировата златица. Во овој период започнува
бербата на раните сорти компир.
Се надгледува растот на веќе засадениот пипер, тутун, бостан, пченка.
Се надгледува растот на пченицата која за еден месец треба да е спремна за жетва.
„Современо Земјоделство“