Поледелство – календар за месец август

Вести Полјоделство Совети

После жетвата на житните култури најважно е да се изведи длабоко орање на ослободените површини. Августовското орање заедно со користењето на органски и минерални ѓубрива претставува многу корисна агротехничка мерка.


Сувото и жешко августовско време ги принудува фармерите почесто да ги наводнуваат земјоделските површини. Водата несомнено ќе ги зголеми приносите кај пченката, но во втората половина од месецот може да се покаже штетно за цвеклото. Тоа ќе ги намали шеќерните единици и ќе ги влоши технолошките својства на коренот.

Месец август е време за берба на некои поледелски култури, како сојата, гравот и др. Многу е важно да се утврди точното време за берба. Од тоа ќе зависи квалитетот на производството, соодветноста за обработка, складирање или директна употреба. При берба, сојата треба да добие кафеавкаста или златно – жолтеникава боја, семето да е цврсто, а листовите да почнат да венеат. Потребно е гравот да се исуши на сонце.
Доколку тој содржи влага повеќе од 14%, зрното ќе ја загуби белата боја и ќе пожолти, а исто така не е исклучено и појава на мувла.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *