Половина од познатиот дреновски кромид замина за Хрватска

Вести

Половина од познатиот дреновски кромид замина за Хрватска, а остатокот потешко се продава зашто, според производителите, големи количини стасаа истовремено, а имаше и врнежи поради кои не се влегуваше во нивите,  па цената од 40 денари за килограм падна на само осум до десет денари.

– Најдобро е кога произведениот кромид има организиран пласман и се купува од меѓата на нивата. Така беше и оваа година при продажбата на околу половина од нашето производство, би рекол и од целата Тиквешија. Сега нема организиран откуп за хрватскиот пазар. Се снаоѓаме некако. Доаѓаат трговци од Скопје и купуваат одредени количини, па ги препродаваат таму на кванташки пазар. Продаваме и на пазарите во Битола и Прилеп. На македонскиот пазар потрошувачката е помала, можеби има зголемено производство, па цената е пониска, рече за МИА Ванчо Долев, производител на кромид.

Дреновци памтат и години кога пласманот беше толку слаб што симболично со врзопот кромид се нудеа и пари, само за да не го фрлат на депонија.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *