Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност – еве кои се условите и документите потребни за да добиете грант од 10 000 евра

Вести

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09,
43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и
руалниот развој го објавува следниот Ј А В Е Н П О В И К б р . 0 7 / 2 0 2 1 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за Мерка 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“.

Право на користење на средства имаат Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни
трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за
финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000,00
денари
. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на
годишно ниво во најмногу три рати.

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk
Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по
различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка
на руралниот развој за 2021 година.

  • Напомена: Барателот да не користел помош од мерките 112 Помош на млади
    земјоделци за започнување со земјоделска дејност и 113 Поддршка за поттикнување
    на земјоделското производство.

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта
и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за
финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на
предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на
Барањето (0721-11216-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во
писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и
некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата е 29.08.2021 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *