Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Вести

Обилни врнежи со над 20 литри на метар квадратен во форма на невреме, најавува УХМР.

Во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има пообилни врнежи со електрични празнења и засилен ветер.

Во продолжение прочитајте и каква е состојбата на патиштата низ Македонија:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: Владата на Република Северна Македонија на 69-та седница донесе одлука од денес, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.

Исто така останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Република Северна Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.

Владата го дополни Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Северна Македонија, и од денес протоколот овозможува влез на сите гранични премини на државјани на други држави за транзитирање низ територијата на Република Северна Македонија.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *