Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања

Вести Совети

Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство предупредува дека поради високите температури е зголемената можноста за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања. Велат дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури, но за да тоа не се случи препорачуваат:

1. Задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.

2. Термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиус, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени Целзиус.

3. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

Од Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство нагласуваат дека ќе ја следат состојбата и ќе предлагаат мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *