Порибување со крап, на рекреативната зона „Акумулација Стрежево”

Вести

ЈП Стрежево продолжува со збогатување на риболовната вода и подобрување на условите за риболов за сите рекреативни риболовци.

Денес, 23.12.2019 година, пред голем број заинтересирани граѓани, се изврши во една година рекордно, четврто (дополнително) порибување на рекреативната зона „Акумулација Стрежево”, надвор од обврската за порибување со дефинирани количини на подмладок.
Порибувањето се реализираше со возрасни единки од крап (Cyprinus carpio) со димензии над 1.5 килограм, во согласност со мислењето од овластената установа изработувач на риболовната основа.
Крапот потекнуваше од регистрираниот репроцентар Бел Камен од село Жабени.
Порибувањето беше со средства од здружението на рекреативни риболовци и екологија спортски клуб „Црна Река” 1929 од Битола.


Локацијата на порибувањето беше браната “Стрежево” (крајбрежниот појас во близина на Командната зграда и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”).
На порибувањето присуствуваа овластени претставници на концесионерот, претставници од репроцентарот Бел Камен од село Жабени, членови на ЗРРЕСК „Црна Река” 1929 од Битола од Битола, инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство и претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Јавното претпријатие „Стрежево” – Битола, во следната 2020 година ќе продолжи да врши порибувања на риболовната вода „Акумулација Стрежево”, на задоволство на сите љубители на риболовот и животната средина.
Концесионерот ЈП “Стрежево” – Битола посебно им се заблагодарува на ЗРРЕСК „Црна Река” 1929 од Битола за донацијата, како и на сите граѓани и медиумски куќи кои го поддржаа овој настан.
Со заеднички сили го продолжуваме успешниот пат што го трасиравме во 2019 година.

ЈП Стрежево

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *