Пошумени 26,5 хектари над велешко езеро „Младост“

Вести

Екипи на Шумското стопанство „Бабуна“ Велес кое е во склоп на ЈП Македонски шуми во ноември извршија есенско пошумување со багрем и јавор на теренот над велешко езеро „Младост“ на потегот од кај наплатната рампа Отовица над автопатот Велес кон Скопје се до местото викано Пуста Кула, информира за МИА, Љубенка Попова шумарски инженер од ШС „Бабуна“.

Пошумени се 26,5 хектари над велешко езеро „Младост“.

Попова појасни дека не станува збор за реонот кој беше опожарен кај велешко езеро нa 26 август 2019 година.

-Со акцијата за континуирана пошумување во велешкиот поширок регион продолжуваме напролет, но главниот акцент го ставаме на есенско пошумување каде имаме поголема зафатеност на засадените садници, вели Попова.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *