Потпишан меморандум за соработка помеѓу МЗШВ и Програмата за зголемување на пазарната вработливост ИМЕ

Вести
Како потврда на нашите партнерски активности за развој на домашната економија, денеска заедно со Директорот на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, Горан Дамовски потпишавме меморандум за разбирање и соработка помеѓу МЗШВ и ИМЕ.
Целта на овој меморандум за разбирање и соработка е да се воспостави постојана соработка помеѓу Министерството за земјоделство и Програмата ИМЕ, за ефикасна и координирана соработка во имплементацијата на активностите и мерките во потсекторите градинарство, овоштарство, лозарство како и преработки од производи. Исто така, со меморандумот се дефинира и заедничка активност за изработка на новиот Закон за за органско производство во согласност со Регулативата на ЕУ за органско производство и обележување на органски производи.
Заедичките активности ќе придонесат кон подобрување на конкурентноста на земјоделските стопанства, преку подобро искористување на мерките за поддршка, промоција и унапредување на продажбата, подобра регулација на органското производство и целосна хармонизација на националната регулатива со регулативата на Европската Унија.
Ф-б статус на министерот на МЗШВ Арјанит Хоџа
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *