Потпишани меморандуми за соработка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со врвни научни инситуции од неколку универзитети во државава

Вести

Во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Хоџа и претставниците на четири факултети од три универзитети во државава, потпишаа меморандуми за соработка.

На настанот на кој присуствуваа ректорите, деканите и професори од неколку универзитети, се одбележа почетокот на соработката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со неколку врвни научни инситуции.

„Дозволете ми денешниот настан да го поздравам со една стара народна мисла: „Сите му се поклонуваат на царот, а царот се поклонува само пред учителот!“  Ова е пораката со која сакам да го одбележиме почетокот на соработката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со нашите врвни научни инситуции од неколку универзитети во државава. После неколку децении, денеска ќе го обновиме  партнерскиот однос со научно-образовните институции кои се двигатели на развојот и каде е собрано целото знаење од сите светски достигнувања. Ова е првиот изграден мост на соработка меѓу МЗШВ и научно-образовните институции и оваа соработка ќе продолжиме да ја градиме и оплеменуваме со нови активности. Едукацијата на земјоделците е една од моите цели, за која јас лично се залагам, знаењето од научните институции да стигне до секој земјоделец во државава. Сите држави со развиен земјоделски сектор, својот развој и го  должат токму на развојот на науката и истражувањето како основна алатка за напредокот и благосостојбата на земјоделците“ изјави министерот Хоџа.

Тој воедно им се заблагодари на сите колеги од министерството кои беа вклучени во процесот на креирање на Програмата за рурален развој за 2021 година, кои дадоа свој придонес во креирањеро на мерката за поддршка на научните истражувања. Министерот Хоџа истакна дека едукацијата на земјоделците е една од целите, за којатој лично се залага, за да може знаењето од научните институции да стигне до секој земјоделец во државава.

Преку Програмата за рурален развој,  обезбеден е буџет од околу 600 000 евра, средства со кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство директно ќе ги поддржи научните институции во проширувањето на нивните активности, во заеднички интерес. При креирањето на оваа мерка МЗШВ се водеше од потребите за градење на одржлив систем за производство и безбедност на храна вклучувајќи ги заложбите за научна поддршка и професионална експертиза.  Крајна цел за превземената иницијатива од страна на МЗШВ, е исполнување на европските стандарди во системите за контрола на квалитетот, здравјето и безбедноста на храната.

Проректорот на Тетовскиот Универзитет, господин Хазир Положани, од името на сите потписници на меморандуми му се заблагодари на министерот Хоџа и го поздрави неговиот слух за значењето на науката како многу храбар и успешен чекор кон една долга, трајна и одржлива соработка.

„Воспоставувањето на партнерство со државните институции,

невладините организации, преработувачките капацитети како и со трговските друштва ќе овозможи напредок и ќе даде директен придонес кон интегрирањето на нашата земја во ЕУ“ изјави Положани.

Денеска беа потпишани меморандуми за соработка со четири научни институции:

– Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје;

– Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје;

– Факултет за прехранбена технологија и храна – Тетово и

– Технолошко технички факултет – Велес.

Потписниците на меморандумите за соработка ќе добијат финансиска поддршка која ќе биде наменета за: опремување на лаборатории за безбедност на храната, опрема за откривање на присуството на тешки метали во храната, како и демонстративна опрема за студентите од земјоделските науки.

Нашиот пат до ЕУ води преку едукација и соработка на сите нивоа помеѓу научната фела, институциите и земјоделците како крајни корисници на знаењето и имплементацијата на сите научни достигнувања. Сите држави со развиен земјоделски сектор, го должат тој развој на науката и истражувањето како основна алатка за напредокот и благосостојбата на земјоделците.

Ова е првиот изграден мост на соработка меѓу МЗШВ и научно-образовните институции и оваа соработка ќе продолжиме да ја градиме и оплеменуваме со нови активности.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *