Потребата за земјоделско осигурување се повеќе се зголемува

Вести Интервју Совети

Неодамна брокерското друштво „СН осигурителен брокер АД Битола“ одбележа 5 години од основањето. Мал јубилеј но голем успех во брокерското работење и лидерска позиција меѓу брокерските друштва.

Во овие пет години се отворија 25 подружници распространети на целата територија на Република Северна Македонија, како и мрежа од 99 вработени – професионалци од различни области, со што „СН Осигурителен брокер АД Битола“ претставува најголем осигурителен брокер во државата по основ на бруто полисирана премија, број на вработени, број на подружници и реализирани штети.

Лидери во Брокерското работење, лидери во земјоделското осигурување, на што се должи тоа, разговараме со Христо Кондовски, Извршен директор на „СН Осигурителен брокер АД Битола“.

– Да, нескромно истакнуваме дека сме лидери меѓу брокерските друштва, а тоа се должи што активно се вклучуваме во донесувањето на законски мерки и начин на обесштетување на земјоделците и нивно целосно информирање! ОСИГУРИТЕЛНИТЕ БРОКЕРИ се вистинскиот начин земјоделците да дојдат до добро осигурување, особено кога нивните посеви се во крајно ризични региони, а осигурителните компании во тој случај избегнуваат да се заштитат од тој ризикСо земјоделците работиме од самото основање на СН Осигурителен Брокер, активно 4 години.

Каков пристап имате со земјоделските производители, кое земјоделско осигурување е најчесто?

Пристапот кој го имаме со нашите клиенти може да се каже деке се сведува до пријателски, а тоа го потврдуваат нашите редовни клиенти кои ги стекнаме овие години. Тие се наши традиционални осигуреници – наши следбеници и соработници или веќе може да кажеме и наши деловни партнери.

Најчесто е основното земјоделско осигурување каде се опфатени ризиците удар од град, гром и пожар, меѓутоа не можеме да не го спомнеме и дополнителното осигурување каде се опфатени и пролетен мраз, поплава и луња.

Кои прашања се најчести од страна на земјоделците, што најмногу ги интересира?

– Најчести прашања од клиентите кои ги поставуваат се: колку премија треба да платам, на кој принос ќе ми се осигураат посевите/плодовите, колкав е процентот на франшиза, од кој датум и до кој датум важи покритието за пролетен мраз и најпоставуваното прашање: за колку време се исплаќа штетата.

Дали се менува сфаќањето за потребата од земјоделско осигурување?

Гледајќи на изминатите години во кои активно работевме и продолжуваме да работиме со земјоделците тврдиме дека сфаќањето за потребата на осигурување се повеќе и повеќе се зголемува, а во тоа најголемо влијание имаат непредвидливите временски услови кои во одредени региони од државата го оштетуваат тотално приносот на земјоделецот.

Дали земјоделците имаат доволно информации за предностите на осгурувањето?

-Сите земјоделци сигурно не, оние кои се заинтересирани или оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе ние, односно нашиот тим кој работи со осигурување на земјоделие му стои на располагање на сите независно дали се работи само за информирање, склучување на договор или правна помош во случај на штета. Несомнено сметаме дека земјоделците ќе се заинтересираат малку повеќе и со кампањите кои секојдневно се емитуваат по медиумите и ќе сфатат кои се вистинските предности на осигурувањето. Бидејќи ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ претставува единствен трансфер на ризик со надокнада за земјоделецот.

Доколку еден земјоделец е заинтересиран и сака да склучи полиса за осигурување единствено што треба е да дојде кај нас и да донеси потврда од МЗШВ доколку е субвенциониран од државата, ако не е субвенциониран треба да донеси имотни листови од парцелите кои сака да бидат осигурани, а се останато средуваме ние, предности што му ги нудиме на земјоделците се плаќање на рати, завршување на сите работи на едно место, објаснување за сите потребни информации и сл.

Колку им значи мерката на Владата – субвенција од 60% од полисата?

Многу! 60% се повеќе од половина од вкупната премија на осигуреникот, субвенцијата има големо значење за земјоделците бидејќи им се овозможува да си ги осигураат своите посеви или плодови независно за што се работи за само 40% од вкупната премија која треба да ја платат.

Дали оваа мерка на Владата има значење за вас како Брокерско друштво?

Многу! Оваа мерка на владата не само што има големо значење за земјоделците исто така има и за нас како Брокерско друштво, бидејќи субвенцијата придонесува за зголемената заинтересираност за осигурувањето што секако и кај нас има зголемено побарување за изработка на полиси за осигурување што навистина ни е во прилог.

Како да се подобри и зголеми процентот на земјоделско осигурување, а со тоа да се намалат и средствата во милиони евра, кои секоја година Владата ги исплаќа за обештетување?

За да се подобри и зголеми процентот за замјоделско осигурување од наша гледна точка покрај кампањите кои веќе се емитуваат и трибините кои се одржуваа во повеќе региони од нашата држава треба да се излегува на терен меѓу земјоделците за да се информираат што повеќе со условите за земјоделското осигурување, исто така да се намали процентот на обесштетување од страна на Владата бидејќи на терен се имаме сретнато со одговорот “зошто да осигурам бидејќи ако имам обесштетување ќе ми плати Владата”.

Ваши планови за идниот период, за 2020 и подолгорочно?

-Нашите планови за 2020 година и за подолгорочно се што повеќе да ги информираме земјоделците, да ги запознаваме со условите и да им дадеме дознаење дека осигурувањето е позитивно и неопходно за нивните посеви и плодови т. е. за нивната иднина, исто така според нашите анализи и искуството од изминатите четири години, сметаме и предлагаме во новите модели на осигурување да бидат инкорпорирани следните РИЗИЦИ: ПРОИЗВОДСТВЕН РИЗИК И ОПЕРАТИВЕН РИЗИК, ПАЗАРЕН И ФИНАНСИСКИ РИЗИК, ТЕХНОЛОШКИ, ИНСТИТУЦИОНАЛЕН И РЕГУЛАТОРЕН РИЗИК и ИНФРАСТРУКТУРЕН РИЗИК што ќе придонесат многу за заинтересираноста на земјоделците да си го осигураат својот труд.

СН Осигурителен брокер, заедно со осигурителните компании „Триглав“, „Кроација“, „Евроинс“ и „Сава осигурување“, ја поддржаа едукативната кампања „Не гледај во небото, осигури се“ на Земјоделското здружение – „Современо Земјоделство“ со што дадоа придонес во информирање на земјоделците за важноста и предностите на земјоделското осигурување.

Агротим.мк

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *