На денешниот состанок, на министерот за земојоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со тутунопроизводителите и откупувачите на тутун, кој се одржа во спортската сала Борис Трајковски, повторно се разговараше за ситуацијата со тутунот. Досега е откупено, отприлика 21 милиони килограми, а заклучно со утрешниот ден се очекува 98% отсто да се заокружи договореното производство.
На состанокот, на кој што присуствуваше и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, заеднички дојдоа до заклучок дека е потребно продолжување на рокот за откуп, односно наместо до крајот на овој месец, рокот да биде заклучно со 31 Март.
Како што вети министерот Хоџа, активно се следи ситуација и заеднички се изнаоѓаат решенија за доброто на сите засегнати страни.
Предвидени се околу 5 милиони евра за тутунопроизводителите но динамиката и начинот на исплаќање на средствата ќе се утврди откако ќе заврши целиот откуп.