Бачовски: Повик за ко-финансирање на инвестиции во подигнати нови лозови и овошни насади и ароматични растенија

Вести

Објавен уште еден јавен повик од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Станува збор за јавен повик од мерка 121 за ко – финансирање на инвестиции во подигнати нови лозови и овошни насади како и повеќегодишни ароматични растенија. Периодот кој е опфатен со поддршката – од 01 април 2021 година до 31 март 2022 година.

Прифатливи се трошоците за набавка на новите насади, градежни материјали и елементи за потпорна конструкција, како и услуги од трети лица за припрема на земјоделското земјиште и извршување на градежните работи. Максималната поддршка по корисник изнесува 6 милиони денари, а ко – финансирањето се движи од 50 до 75 %.

Краен рок за доставување на барањата за исплата е 31.05. 2022 година.

Фејсбук статус на Никица Бачовски, директор на АФПЗРР

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *