Повик за учество на Tендер за извршување на Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Република Северна Македонија, Фаза I – Физибилити студии за Лешани, Кожле и Дабјани

Вести

 

Во рамки на проектот финансиран од Европската унија “Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавен е јавен тендер (Референтен број: 2019/CSAPC/REUDD/104003) за извршување на “Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Република Северна Македонија Фаза I – Физибилити студии за Лешани, Кожле и Дабјани”.

Консултантските услуги што ќе треба да се спроведат за физибилити студиите во секое подрачје вклучуваат: Истражувачки активности (прибирање и анализирање на примарни податоци за подрачјето, како катастарски мапи, податоци од Катастарот на недвижности, карта на сопственици, ортофото и топографски мапи, инфраструктурни и просторни планови, планови за локален и рурален развој); теренски активности (индивидуални интервјуа со сите идентификувани сопственици на земјиште за да се процени нивниот интерес за учество во консолидација на земјиштето) и анализа на собраните информации и подготовка на Извештај за физибилити студија.

 

На тендерот можат да учествуваат овластени геодетски компании кои се регистрирани во Регистарот на вршители на работи во функција на консолидација на земјиште при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, во согласност со член 9-а од Законот за консолидација на земјоделско земјиште.

 

Со цел да имаат пристап до тендерските документи и да можат да поднесат понуда, заинтересираните компании треба прво да се регистрираат на Порталот на Обединети Нации за глобален пазар – United Nations Global Marketplace portal (УНГМ-UNGM) на: https://www.ungm.org/Vendor/Registration, бидејќи само регистрираните компании ќе имаат право да учествуваат.  После успешна регистрација  компаниите ќе можат да пристапат до тендерските документи и да ги поднесат своите понуди преку истиот UNGM портал  (https://www.ungm.org/Account/Account/Login).

 

Крајниот рок за поднесување на понуди за тендерот е 31 Јануари (петок) 2020 година до 12:00 часот (по централно европско време).

 

Дополнителни информации:

 

Селата Лешани (Општина Дебарца), Кожле (Општина Петровец) и Дабјани (Општина Долнени) беа избрани како проектни области со висок потенцијал и интерес за консолидација на земјоделско земјиштето, врз основа на евалуација наспроти неколку критериуми за избор, вклучително степен на расцепканост на земјиштето, особености на теренот и почвата, процент на земјоделско земјиште упишано во Катастарот на недвижности, застапеност на повеќегодишни култури и обработливо земјиште како процент од консолидационото подрачје. Како следен чекор, ќе се спроведат физибилити студии во секоја област, со цел да се процени оправданоста за спроведување на консолидацијата на земјоделското земјиштето.

 

Физибилити студиите се прва од трите фази во процесот на консолидација на земјоделско земјиште. Главната цел на студиите е да се направи детална проценка на моменталната состојба на терен, вклучително утврдување на интересот и посветеноста на сопствениците на земјиштето да учествуваат во процесот на консолидација, идентификување на индивидуалните потреби, проверка дали се задоволени сите предуслови, како основа за планирање на следни чекори во имплементација на консолидацијата на земјиште во секоја област. Дополнително, физибилити студиите имаат за цел да идентификуваат потреби за подобрување на земјоделската инфраструктура во секое од подрачјата и првична проценка на потребните инвестиции. Врз основа на анализата, студиите ќе обезбедат препораки дали се оправдани понатамошни активности за консолидација, имено планирање на распределба на земјоделското земјиште, како и кој е најдобар пристап за консолидација на земјиштето во секоја од областите.

 

Во текот на 2019 година, во рамките на проектот MAINLAND, спроведени се десет физибилити студии за консолидација на земјиште за десет консолидациони области во Северна Македонија, имено: Стојаково во Општина Богданци; Логоварди, Трн, Оптичари и Жабени во Општина Битола; Чешиново, Соколарци, Спанчево и Чифлик во општината Чешиново-Облешево и Царев Двор во Општина Ресен.

 

Врз основа на позитивните резултати од физибилити студиите, втората фаза во процесот на консолидација на земјоделско земјиште – планирање на распределба на земјоделското земјиште и нова земјоделска инфраструктура – започна во четири консолидациони области во државата: Соколарци, Спанчево, Логоварди и Оптичари, на крајот на 2019 година. Дополнително, активности за планирање на распределба на земјоделското земјиште се очекува да започнат во консолидационото подрачје Трн, на почеток на 2020 година.

 

Во врска со проектот:

Проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на Национална Програма за Консолидација на Земјиште”  - или MAINLAND – го спроведува Организацијата за Храна и Земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) за да обезбеди поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при спроведувањето на Националната стратегија за консолидација на земјиште за 2012-2020 година. Буџетот на проектот изнесува 2,56 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2,5 милиони евра) и придонес на ФАО.  Истиот се спроведува во времетраење од 3,5 години, почнувајќи од март 2017 до август 2020 година, со очекувано продолжување од една година. Главната цел на проектот е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.
Веб страна на проектот: www.fao.org/in-action/mainstreaming-national-land-consolidation-programme/mk/
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *