Позната фирмата која ќе ги снабдува земјоделците со зелена нафта

Вести

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави името на економскиот оператор кој го добил тендeрот за набавка на „зелена нафта“ на земјоделците. Од агенцијата велат дека операторот „Макпетрол акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати Скопје“ ги исполнил сите услови согласно барањата во тендерската документација.

Од интернет стрaницата на ЕСЈН, седум економски оператори подигнале тендерска документација, а до Агенцијата преку електронскиот систем  беше доставена само една понуда за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација.  Отворањето на понудите беше на 12.06.2019 година.

На 03 јули годинава операторот „Макпетрол“ е известен дека е избран за најповолен понудувач, а во постапка е и склучувањето на договорот за набавка на гориво за земјоделска механизација, соопштија од АФПЗРР.

Инаку пред неколку дена директорот на платежната агенцијата, Николче Бабовски, објави дека тендерот за набавка на „Зелена нафта“ за земјоделска механизација на земјоделците е во вредност од 200 милиони денари. Тој исто така посочи дека до крајот на тековниот месец се очекува да се распределат и првите платежни картички до земјоделците.

Со оваа мерка се очекува да им се намали за 30 отсто трошокот за гориво на земјоделците.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *