Предвидувањата на ФАО за глобалното производство на житарки – Се очекува цените и за следната сезона да останат високи

Вести

Врз основа на првичните прогнози на ФАО за глобално производство на житарки во 2022 година и нивна употреба во 2022/23 година, нивното производство не би било доволно за да се исполнат очекуваните барања за употреба. Тоа значи дека ќе дојде до намалување на глобалните залихи од 0,4 отсто во однос на нивното почетно ниво, на 847 милиони тони.

Кога ќе се направи преглед на моменталното ниво на искористеност и прогноза на залихите, односот на светските залихи на житни култури за употреба би се намалил од 30,5 отсто во 2021/22 година, на 29,6 отсто во 2022/23 година, што е најниско ниво од 2013/14 година, но сепак далеку над рекордното ниско ниво од 21,4 отсто регистрирано во 2007/08 година. Најголемо намалување се очекува да има кај залихите на пченка, но и на јачмен и ориз, додека кај пченицата и сиракот веројатно ќе се зголемат.

Светската трговија со житарки би можела да падне на најниското ниво во последните три години, кое се проценува на 463 милиони тони, 2,6 отсто под нивото во 2021/22 година.

Индексот на цените на житарки на ФАО во мај достигна нов рекорд на сите времиња и е за 29,7 отсто над вредноста од претходната година. Се очекува цените за следната сезона да останат високи.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *