Преку Програмата за рурален развој обезбедени се 38 милиони евра за поддршка на 206 општински проекти

Вести

Преку Програмата за рурален развој обезбедени се 38 милиони евра за поддршка на 206 проекти на општините кои конкурираа на повикот што се објави минатата година.

На огласот конкурираше и општината Валандово, на која и се одобрени 2 проекти.

Едниот проект е за изградба на пат и канал за поврзување на регионалниот пат со населеното место Горна Маала и вториот е за изградба на дел од локален пат за поврзување на населеното место Удово со село Градец.

-Преку мерките од Програмата за рурален развој наменети за општините, им овозможуваме на општините да аплицираат за проекти за капитални инвестиции во инфраструктура, изградба на локални патишта, домови, зелени пазари, урбана опрема и друго, истакна Министерот Љупчо Николовски, при неговата денешна посета на Валандово.

Со оваа помош се придонесува за подобрување на кавлитетот на животот во руралните средини.

“Современо Земјоделство”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *