Преку Развојната банка ќе се реализираат две мерки од шесттиот пакет мерки

Вести

Директорот на Развојната банка на Република Северна Македонија, Кире Наумов на вчерашната прес-конференција претстави две мерки од шесттиот пакет мерки, кои ќе се реализираат преку Банката. Првата мерка е нова бескаматна кредитна линија и втората е нов модел за субвенционирање на трошок на компании кои ќе ја реинвестирале остварената добивка.

-Првата мерка е нова бескаматна кредитна линија. Оваа кредитна линија налик на ковид 1, наменски ќе ги таргетира субјектите кои се активни во дејноста на емитување радио и телевизиска програма. Во следниот период согласно заклучоците на Владата, со економските ресори ќе работиме на конкретно операционализирање на оваа мерка. Преку јавен повик ќе им биде овозможено на медиумите да користат бескаматен кредит со рок на отплата од 48 месеци и грејс период од 12 месеци. Очекуваме преку оваа мерка да се обезбеди поддршка на ликвидноста на компанитте од оваа дејност, рече Наумов.

Додаде дека втората мерка е нов модел за субвенционирање на трошок на компании кои ќе ја реинвестираат остварената добивка. Ова, како што појасни, нема да биде нова кредитна линија, туку ќе биде нов модул за субвенционирање на каматниот трошок. Развојната банка ќе соработува со економските ресори и Македонската банкарска асоцијација за да развиеме модел каде крајните корисници ефективно ќе имаат нула камата за новоодобрените средства од деловните банки, рече Наумов.

Потсети дека преку Развојната банка досега се реализирани повеќе мерки од сите пет пакети.

-Прво, вкупно 50,9 милиони евра кредити со поволна каматна стапка банката пласираше до 186 домашни компании преку деловните банки за поддршка на проекти преку кои е предвидено вработување на најмалку нови 605 лица. Воведовме нов производ – царинска гаранција за да го олесниме извозот на компаниите кои прават увоз заради облагородување и повторен извоз. Со царинската гаранција од 250 илјади евра ги поддржуваме малите и средните компании од сите дејности, а со гаранција од 390 илјади евра ги подржуваме и компаниите од преработувачката индустрија. Трето, преку бескаматните кредити за домашни компании, трговски поединци, занаетчии досега поддржавме 4.807 субјекти кои заедно вработуваат 36.802 вработени, рече Наумов и додаде дека вкупниот износ на сите три бескаматни кредити 44,1 милион евра.

Најави дека оваа недела во наредните седум дена очекува Владата да дискутира за условите и критериумите на ковид четири линијата, по што ќе преземат чекори заедно со ресорните министри да ја операционализираат и оваа бескаматна кредитна линија.

Извор МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *