Премиерот Заев со министерот Хоџа утрe на средба со лозарите во Кавадарци

Вести Лозарство

Откупот на грозјето е моментално топ тема во земјоделскиот сектор. Ниските откупни цени што ги објавија некои винарии предизвикаа лавина од негативни коментари и реакциите на лозарите кои побараа поддршка од Владата и ресорното министерство.

Во таа насока е и најавената утрешна средба на премиерот Зоран Заев и првиот човек на министерството за земјоделство, Арјанит Хоџа со лозарите од тиквешијата.

– Ние како министерство но и премиерот Заев сме сериозно заинтересирани и интензивно работевме во овој период за изнаоѓање на решение со што ќе им помогнеме на лозарите но и на винарските визби. Во таа насока, подготвивме пакет мерки кои утре ќе ги соопштимe пред лозарите, а во наредните денови и со винарските визби ќе утврдиме методологија на тоа што мислиме да биде и олеснување и за винарските визби – изјави за Агротим, министерот Арјанит Хоџа и додаде дека се свесни за ситуацијата која предизвика пандемијата Ковид 19 и тоа дополнително ги потврдува заложбите да се помогне на лозаро- винарскиот сектор.

-Свесни сме дека се наоѓаме во многу тежок период особено заради здраствената ситуацијата со пандемијата Ковид19 која има директни последици врз економијата на државата, а од тука и врз ситуацијата со лозарско-винарската гранка. Затоа одржувањето на ланските цени на грозјето во вакви околности ќе биде во најмала рака позитивно, особено за лозарите – заклучува Хоџа.

Утрешната средба со лозарите во Кавадарци е само уште една во низата средби, консултации и состаноци со сите чинители во овој процес. Откупот на грозјето останува во фокусот на Владата и ресорното министерство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *