Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Вести

 

Сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец се очекува до претпладневните часови. Попладне времето ќе биде нестабилно и облачно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ-индексот 7.

Во Скопје денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладне и попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Од утре до петок ќе настапи стабилизирање на времето, а во деновите од викендот повторно се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *