Претпладне сончево, попладне со дожд и грмежи

Вести

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

– Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максмалната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во вечерните часови, нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе достигне до 31 степен.Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Дневните температури ќе опаднат за неколку степени.Следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, а само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *