Презентација на анализа за можностите за остварување на правото на боледување на регистрираните земјоделци

Вести

Во „Клубот на пратеници“ во Скопје денеска ќе се одржи презентација на „Анализата за наоѓање на правен механизам за остварување на правото за користење на платено родителско отсуство и боледување за регистрираните земјоделки и земјоделци“.

Како што соопшти МТСП, анализата е подготвена од страна на Националната федерација на фармери во рамките на активности поврзани со родовата еднаквост во руралните средини, поддржани од Шведската организација за развој We Effect, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

На презентацијата обраќања ќе имаат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *