Презентирани новите мерки од програмите за финансиска поддршка и рурален развој пред земјоделците во Тетово

Вести Полјоделство

Денеска, на земјоделците во Тетово, министерот Љупчо Николовски, посебната советничка за земјоделство на ПВРМ, Ленче Николовска, државниот секретар при МЗШВ, Нефрус Челику и директорите на институциите во состав на МЗШВ, им ги презентираа новите мерки од програмите за финансиска поддршка и рурален развој.

Се олеснуваат критериумите за градинарството од Програмата за финансиска поддршка. Засадената површина што се пријавува ќе биде збирна за сите градинарски култури.

-Оваа 2019 ќе биде година на младите земјоделци. Поддршката за нив ја зголемуваме од 1️⃣0️⃣ на 2️⃣0️⃣ илјади евра, истакна Николовски.

Со земјоделците во Тетово се разговараше и за моменталните состојби во секторот и нивните предлози за идни политики.

“Современо Земјоделство”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *