Придобивки од сувото овошје за здравјето

Вести Совети

Сувото овошје како кајсии, брусница, суво грозје, смокви или сливи се  богати со хранливи материи и растителни влакна, бидејќи со отстранување на вода од овошјето, нивната концентрација се зголемува.

За споредба, половина чаша исчистени суви кајсии содржи 4,7 грама влакна, додека истата количина свежи кајсии содржи само 1,6 грама влакна. Покрај тоа, сувото овошје е богат извор на антиоксиданти, како и фолна киселина и витамини од групата Б.

Студија спроведена на 13 илјади испитаници покажала дека луѓето кои консумираат суво овошје имаат подобар внес на хранливи материи отколку оние кои не го јадат.

Сепак, не треба да се заборави дека и сувото овошје има поголема концентрација на природни шеќери, што не мора да предизвикува загриженост. За спортисти на кои им е потребен брз внес на енергија, ова е дури и многу корисно, но луѓето кои обрнуваат внимание на внесувањето на шеќер, јаглехидрати и калории мора да бидат претпазливи.

На пример, една чаша грозје содржи 23 грама шеќер и има 104 калории, додека истата чаша суво грозје има 116 грама шеќер и 520 калории, што е пет пати поголема количина.

Упатствата за правилна исхрана пропишани во САД препорачуваат консумирање на една до две чаши овошје на ден. Ако е сушено овошје, половина чаша на ден.

Вообичаената препорачана дневна доза за луѓе кои се на диета или дијабетичари се две лажички сушено овошје, кои содржат 15 грама јаглени хидрати.

Конечно, сувото овошје може да биде хранлива и пригодна  закуска, особено кога се меша со ореви. Но, ако треба да се грижите за шеќерот, јаглехидратите  и калориите , внесувајте помала количина суво овошје.

“Современо Земјоделство”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *