Одгледување и придобивки од Аронијата

Вести Совети

Црноплодната аронија (Арониа Меланоцарпа Л.) во Европа е донесена од источниот дел на Северна Америка. Наводно, тамошните Индијанци ги сушеле плодовите на аронијата и ги употребувале за правење на зимски погачи.

Аронијата како храна и лек први почнале да ја употребуваат Северноамериканските Индијанци. Со оглед на тоа дека плодовите на аронијата долго време остануваат на гранките и не се расипуваат, Индијанците се хранеле со нив, плодовите ги сушеле и мелеле и ги мешале со животинска маст и исушено месо. Сушените плодови на аронијата им биле зимска храна и лек против желудочни и цревни тегоби и пролив. Освен зрелите плодови, Индијанците како лек ги употребувале и листовите и кората од аронија. Во лето ги сушеле листовите и кората и правеле чај кој го користеле како средство  против пролив и за сопирање на крвавење од рана.

Во Европа аронијата привлекла внимание првенствено поради својата убавина, затоа што нејзините бели цветови кои се расцутуваат во мај се едни од најубавите цветови од грмушкастите растенија. Посебно убави се есенски обоените листови на аронијата, кои се жарат во посебна црвена боја. Затоа во 1972 година црноплодната аронија добила награда од Кралското градинарско здружение во Англија. Пред приближно 20 години била посадена во поголема количина и во Словенија иако не била посебно прифатена, пред се поради непознавањето на лековитите својства кои таа ги нуди.

Поради високиот степен на отпорност на мраз, издржува зимски температури до – 47 степени и  затоа го добила името Сибирска боровница, и била раширена низ Русија, Финска и Шведска. Како украсна грмушка или како овошка аронијата не бара многу внимание и е погодна за садење во мали градини и на помалку плодна почва. Отпорна е на ниските зимски температури  и доцните пролетни мразови, па успева и во поладните подрачја. Аронијата не бара посебна нега, пожелно е да се оплеви и да и се овозможи примерна влажност. Расте на  секоја почва, ако не е многу каменлива, преплитка или мочуришна. Бидејќи е отпорна на сол, аронијата може да се посади покрај пат како жива ограда. А ако се посади на плодна почва на растојание од 2 метри, грмушките ќе достигнат височина од 1,5 до 2,5 м. и во месец септември ќе дадат богат род. Аронијата не бара прскање затоа што нема штетници или болести.

Посадена во градина, веќе втората година ќе има цутови во групи од по 30 цветови и ќе ги даде првите плодови, а ќе има повеќе плодови ако расте на хранлива почва. После тоа, редовно секоја година ќе дава обилни плодови затоа што нејзините цветови се јавуваат на крајот на мај  кога нема опасност од мраз. Интересно е тоа што плодовите на црната аронија се вистинска витаминска бомба, а птиците ги јадат уште кога ќе добијат црвена боја. Можеби затоа што тогаш се повидливи отколку подоцна кога ќе поцрнат. Аронијата се бере негде во септември, кога плодовите се доволно зрели и блескаво црни. Со оглед на тоа дека плодовите на црноплодната аронија остануваат на грмушката, не опаѓаат и не се расипуваат берењето на плодовите може да се оддолжи и на два месеци.

 Лековити својства и примена на плодовите од аронија

ГЛАВА – ја подобрува циркулацијата на крв во крвните жили на главата и помага кај главоболка и мигрена.

ЕНДОКРИНИ ЖЛЕЗДИ – придонесува за подобра работа на штитната жлезда, го подобрува и регулира излачувањето на нејзините хормони, па помага кај болестите на штитната жлезда и гушавост.

КРВ И КРВНИ САДОВИ –  ја чисти крвта , ја подобрува циркулацијата, го намалува високиот крвен притисок, го намалува шеќерот во крвта и помага кај артериосклероза, воспаление на вените и проширени вени.

ЖЕЛУДНИК – ги намалува грчевите и болките во желудникот, го смирува воспалението на слузницата на желудникот па помага кај чир на желудникот и грчеви на желудникот.

ЦРЕВА – ги смирува грчевите и болките на цревата, го намалува воспалението на слузницата на цревата и сопира пролив.

ПАНКРЕАС И ЖЕЛУДНИК – ја подобрува работата на панкреасот и излачувањето на жолчката, му помага на панкреасот да ги неутрализира штетните материии, па помага кај болен и оштетен панкреас, кај воспаление на жолчниот меур и жолчните канали, жолтица, жолчен песок и жолчен камен.

Истражувањата на руските научници потврдиле дека зрелите плодови на аронијата лековито дејствуваат на дробовите и жолчката па аронијата има влијание на подобрата работа на панкреасот и излачувањата на жолчката, т.е. помага на панкреасот да ги неутрализира штетните материи, кај оштетен и болен панкреас помага во подобрување на функцијата на истиот, помага кај воспаление на жолчниот меур, жолчните канали, жолчен песок камења на жолчката и жолтица. Кај желудникот и цревата аронијата ги смирува грчевите и болките, го смирува воспалението на слузокожата па помага кај чир и желудочни грчеви и помага во сопирањето на пролив. Аронијата помага кај шеќерната болест така што го намалува нивото на шеќер во крвта, помага кај болестите на штитната жлезда и ја подобрува и регулира работата на хормоните на истата па со тоа го јакне имунитетот на цел организам. Аронијата ја чисти крвта, ја подобрува циркулацијата, го намалува високиот крвен притисок, помага кај артериосклероза, воспалени и проширени вени.  Исто така ја подобрува циркулацијата на крв во главата и мозокот па помага кај главоболка и мигрена. Освен тоа, истражувањата на руските научници покажале дека аронијата го забрзува излачувањето на тешките метали како и некои радиоактивни елементи од телото. Поради первентивното и лековито дејство на зрелите плодови на аронијата, руските научници ја вброиле аронијата меѓу лековитите билки. Познато е дека после нуклеарната катастрофа во Чернобил плодовите на аронијата биле користени за ублажување на здравствените тегоби на озрачените лица.

Зрелите плодови на аронија содржат големо количество на биофеноли, танин, флавонид и антоцијани и дури содржат материи кои како флавонидите ги штитат клетките на телото од оштетување и канцерогени дегенерации. Зрелите плодови на аронијата содржат и различни биофеноли кои ги дезинфицираат и забрзуваат зараснувањето на раните, ги отстрануваат отровните материи од телото, ги намалуваат воспаленијата и високиот крвен притисок ја подобруваат еластичноста на крвните садови па спречуваат нивно стеснување и запушување. Зрелите плодови содржат и големо количество на каротин кој ги штити клетките од оштетување, очите од настанување на перде а кожата од опасни изгореници од сонцето.

За богатата  вредност со витамини, минерали, ароматично и биолошки активни материи кои ги има аронијата е напишано многу. Скоро половина абецеда на витамини  (А,Ц,П од групата Б-Б9, Б6, Б2, витамин Е и бетакаротин, антоцијани-бои, танини) се содржи во плодот на аронијата, заедно со калциумот, калиј, железо, манган, молибден, јод и фосфор. Познато ни е упатството дека сокот односно чајот од аронија се препорачуваат на сите оние кои имаат проблеми со крвните садови и крвниот притисок. Посебно се препорачува кај воспаление на бубрезите, чир на желудникот, шеќерна болест, мигрена,внатрешно крвавење и слабокрвност. Материите кои се содржат во плодот на аронијата ги отстрануваат тешките метали од организмот па затоа се препорачува за болните од рак и оние кои претрпеле тешка операција или прележале некоја болест. Чајот или сокот од аронија е исто така многу лековит и закрепнувачки напиток кој се препорачува за стари и млади. Нема попратни ефекти, во секој случај поволно делува на имунитетот на организмот како и на крвната слика.

Освен сокот и чајот од аронијата може да се направи вкусен мармалад, компот, овошни кашички, желе, сируп, сокови и разни овошни слатки. Кога ќе се замеша со друго овошје се остварува богата арома и убава темна боја. Зрели, слатко киселите плодови на аронијата можат да се јадат свежи без ограничување, а посебно се препорачуваат кај болести на желудникот и цревата и против пролив. Варени, печени или сушени  а може и да се замрзнат за подоцнежна употреба. Плодовите се многу вкусни замешани во јогурт, свежо сирење и останатите млечни јадења. Поради големата количина на пектин кој лесно се претвара во желе плодовите на аронијата се посебно вкусни направени како мармалад мешани со круши и рибизли. Плодовите можат да се исушат и да се сомелат и да се додаваат во тесто за леб, печива и колачи. Од плодовите на аронијата можат да се направат освежителни овошни напитоци, ликер, ракија оцет или вино. Танините кои се содржат во темноцрвениот сок на зрелите плодови им даваат на безалкохолните и алкохолните пијалаци бистра и светла боја и можат да се мешаат. Плодовите на аронијата можат да се употребат како природна боја за жигови кои се ставаат на месото, во производството на сокови и во пекарко-слаткарската индустрија.Аронијата не бара посебна нега, се реже по потреба или кога некоја гранка ќе се изроди. Грмушката се обновува сама. Тоа е долговечна корисна и лековита овошка. Пожелно е само плевење како и одредена влажност, ѓубриво и прихрана. Се ѓубри со шталско ѓубре или БИОГЕН а кога се сади може да се додаде АГРОГЕЛ (средство за задржување на влагата во земјата со повеќегодишно дејство). Аронијата не бара прскање зошто нема штетници или болести па затоа таа е еколошки одгледано зрнесто овошје.

На сите вас кои уживате во природата и го сакате своето здравје им препорачувам да пронајдете катче во својата градина или овоштарник каде ќе ја посадите оваа единствена и отпорна овошка. Во пролет вашата грмушка од аронија ќе ве развесели со обилни чудесни цветови, во есен со големи количини блескави црни плодови и со блескави бои на есенските лисја. Тогаш аронијата нема да биде непозната туку позната и добра пријателка. Садниците (расадот) на аронијата може да се садат додека земјата не замрзне исто така и кога  зимата ќе попушти.

Информациите коишто се презентирани се однесуваат на целниот пазар. Големината и неговиот пораст се покажани за изминатите неколку години. Информации за потребите на купувачите, сфаќањата и однесувањето на купувачите како и трендови се исто така презентирани.

Големината на пазарот за овој тип на овошје е околу 130 тони, или 1% од целиот пазар на овошје, како Што е прикажана на табелата:

Овошје за консумација во исхраната

Продажбата се очекува да биде стабилна во наредните неколку години. Купувачи на овошје се сите домаќинства, ресторани и хотели кои можат да си дозволат во исхраната да имаат и овошје. Тие сакаат во својата исхрана да внесат разнолико овошје кое би им помогнало во одржувањето на здрав живот.

Анализа на Можности/Закани

Купувачите покажуваат зголемен интерес за овие видови на овошје;

Зголемен интерес за купување на расаден материјал од страна на купувачите;

Зголемување на соработката со производители од други земји, како Што е Бугарија;

Главните опасности се следните:

Недоволната запознаеност на населението за овој вид на овошје, може да доведе до намалување на продажбата;

Воведување на таков вид на овошје од странство;

Намалување на цените.

Состојбата со производот

Табела 1. Состојба со производот во 2005 година

Производи  Количина (во кг..) Единечна Цена (во денари) Бруто Приходи (во денари) Трошоци (во денари) Нето Профит (во денари)
Малина 8700 80 696000 197500 498500
Аронија 2500 150 375000 42000 333000
Рибизла 300 70 21000 10000 11000
Вкупно  11500 1092000 249500 842500

Табела 2. Состојба со садниците во 2005 година

Производи  Количина (во единици.) Единечна Цена (во денари) Бруто Приходи (во денари) Трошоци (во денари) Нето Профит (во денари)
Малина 150 30 300
Аронија 150 120 300
Рибизла 50 60 300
Вкупно  350 14500 900 13600

Табела 3. Состојба со производот во 2006 година

Производи  Количина (во кг..) Единечна Цена (во денари) Бруто Приходи (во денари) Трошоци (во денари) Нето Профит (во денари)
Малина 9000 80 720000 198000 522000
Аронија 3000 150 450000 45000 405000
Рибизла 500 70 35000 12000 23000
Вкупно  12500 1205000 255000 950000

Табела 4. Состојба со садниците во 2007 во 2006 година

Производи  Количина (во единици.) Единечна Цена (во денари) Бруто Приходи (во денари) Трошоци (во денари) Нето Профит (во денари)
Малина 250 30 400
Аронија 200 120 400
Рибизла 100 60 400
Вкупно  550 1200

Пазар

Во Република Македонија има многу мала застапеност на оваа билка, затоа што се работи за релативно нова сорта на билка. Кај нас постои голема побарувачка на овој вид на билки и тоа во големи количини од големите производни капацитети (прехранбената индустрија, фармакологијата, медицината).

Барања

Начин на обработка на земјоделското земјиште

Земјиштето за подигање на аронијата се ора рано на есен на длабочина од 30-40 сантиметри. После длабокото орање треба да се нанесе 20.000 – 30.000 кг. шталско ѓубриво (ако садењето се прави на есен), а потоа плитко да се изора или истањира. Пред садењето треба да се нанесе 500 кг/ха супер фосфат, 800 кг/ха калиум сулфат. Количината на ѓубриво зависи од почвата на која ќе се сади аронијата.

Начин на садење на аронијата

Аронијата е растение кое може да издржи ниски температури (-30оц до -40оц). Погоден период за садење на аронијата е од месец октомври до април, само ако земјиштето е погодно за обработка и ако не е многу ниска температурата. Садниците на аронијата се садат на претходно подготвени јами на растојание 3 метра помеѓу редовите и 2 метра ред што на 1 хектар би изнесувало 1666 садници. За садење се употребуваат само гарантирано здрави садници од аронијата кои имаат добар коренов систем. Садниците аронија најдобро е веднаш после вадењето од расадникот да се посадат. Пред садење жилите се скратуваат за 1/4 од својата должина и се садат во јами длабоки за  2 сантиметри подлабоко од кога беа во расадникот. Садењето е рачно. На жилите треба да се нанесе ситна земја и добро да се нагмечи за да земјата се припои до жилите за да се истисне воздухот, а потоа со мотика да се достави останатата земја. После садењето ако се работи за пролетно садење потребно е да се наводни со 10-15 литри вода по садник. Исто така после садењето треба да се изврши оградување на садникот на висина од 80-90 сантиметри.

Плодот на аронијата

Аронијата е жбунеста билка која достигнува висина од 2,5 до 3 метри и плодот го донесува втората година по садењето. Цвета од јули до август. Образува грозд од околу 20 цветови, слично како кај рибизлата. Зрее кон крајот на август. Плодовите имаат црна боја, со големина како црна рибизла со слатко-кисел вкус.

Берба на аронијата

Аронијата се бери рачно. Бербата започнува кога бобиците добиваат црно – маслинеста боја и кога вкусот на плодот има започнува да добива сладок вкус. Бербата се врши во плитки гајбиња до 5 килограми.

Трошоци за 10 хектари

Показател единична мерка вкупно материјали единична цена во ден. Вкупно ЕУРО
Минерално ѓубре (НПК) кг

800

25

20000

325

Природно ѓубре тони

500

500

250000

4065

Хемиски заштитини средства хектари

10

1200

12000

195

Обработка на почвата декари

100

1000

100000

1626

Транспортни трошоци

20

1000

20000

325

Останати трошоци

1

50000

50000

813

0

0

Вкупно 

0

452000

7350

Болести

Пегавење на листот – ова е најчеста болест на аронијата, која е предизвикана од паразитот Septoria rubi. Болеста се манифестира на листот, но може да ги нападне и сите надземни делови. На пролет на листовите се појавуваат пеги кои постепено се шират и листот се суши. Младите ластери се искривуваат. Целата билка заостанува во развојот, помалку раѓа, а плодовите се со слаб квалитет. Интензитетот на хапад е зголемен кога времето е ладно и влажно.

Како заштита се користи прскање со 0,5% бакарен вар, Рубиган 0,03%, Метилтопсин 0.1%.

Антракноза (Plectodisella veneta burk) – е многу присутна и многу опасна болест. Најмногу нанесува штети во дожливите денови. Паразитот ги напаѓа младите пупки (цветови) и плодови.  Плодовите се деформирани и со слаб квалитет. Како индиректна мерка против оваа болест се препорачува избегнување на садењето на аронијата на терени каде има роса, како и во долини каде нема провев.

Од хемиски средства се препорачува три до четири прскања и тоа:

1.         1% борова чорба пред да излезе листот;

2.         0,4% ортоцидом во време на отворање на цветот;

3.         ортоцидом или бакарен вар пред појавата на шарка на плодовите и

4.         после берба 15-20 дена.

Рѓа на листот (Phragmidium rubi – idaei) – е габично заболување. Се појавува на почетокот на пролетта на лицето на листот во облик на портокалови пеги, кои во текот на летото поцрнуваат и го покриваат целиот лист. Оболените лисја се сушат и паѓаат.

Против овој паразит се користи прскање со 0,5% бакарен вар или 0,3% цинебом два пати во текот на вегетацијата.

Штетници кај аронијата

Малинова бубачка (Byturus tomentosus) ги напаѓа цветните пупки, цветовите и плодовите на аронијата. Инсектот се појавува кон средината на април и се храни со цветните пупки и цветовите. Пораснатиот инсект е со жолто – црна боја со должина од 4 – 4,5 мм. Годишно има една генерација. Овај инсект може да оштети 80 – 90% од цветните пупки на цветовите и плодовите на аронијата.

Мерки за заштита

Механичко собирање на инсектите, плитко орање на насадот за да куклите излезат на површина на земјата и така се уништат. Како и употреба на хемиски препарати за прскање на насадот и тоа: зоралином, токсафеном, етиолом, малатионом и др.

Други штетници: гундељ, малилина мува и лисни вошки. Потоа глувци и други глодари.

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *