Привршува жетвата на јачменот, започнува жетва на пченицата

Вести Полјоделство

Финишира жетвата на јачменот, а стартува на пченицата. Поради долгиот сушен период, но и отсуството на врнежи во мај, потфрлија приносите на сточното зрно. Покрај врз квантитетот сушата се одрази и на квалитетот на овогодишната реколта.

Не сме задоволни зашто сушата си го кажа своето. Во месец мај имавме само 8 литри дожд, додека лани имавме 80 литри. Oпшто секаде е слабо, не само овде. Штом нема дожд во мај и април, ќе биде слабо, велат земјоделците.

 

Земјоделците жнеаното ќе го складираат во амбарите и магацините. Лебно жито Македонија не произведува доволно за да ги задоволи сопствените потреби и воглавно се увезува од соседна Србија. Во услови на криза и затворени граници, се надеваат дека домашниот производ, сепак ќе добие на цена.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *