Привршува кампањата за бесплатно микрочипирање на милениците

Вести

Aгенцијата за храна и ветеринарство апелира до сопствениците на домашни миленици, до крајот на годинава да ја искористат можноста и бесплатно да ги микрочипираат милениците. За оваа намена, АХВ обезбеди 100 илјади микрочипови, како дел од активностите за спроведување на тригодишната Стратегија за благосостојба на животните.

Во информациониот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, заклучно со 5 ноември годинава евидентирани се 69.624 домашни миленици, најмногу кучиња.

По продолжувањето на рокот за бесплатно микрочипирање на милениците, од април годинава, од страна на ветеринарните друштва се наплатува само аплицирањето на микрочипот и истото чини 200 денари.

АХВ  во соработка со општините активно работи на решавање на проблемот со бездомните животни во земјава. До Агенцијата, локалните самоуправи досега доставиле 61 програма за контрола на популацијата бездомни кучиња, како нивна законска обврска. Од нив, одобрени се 37, а 24 се во фаза на корекции и доработка.

Тринаесет прифатилишта за бездомни животни досега се одобрени од страна на Агенција за храна и ветеринарство, како дел од обврските на локалните самоуправи за воспоставување на соодветен систем за контрола на популацијата бездомни кучиња. Од нив, на 2 им е зголемен капацитетот за прифаќање и третман на бездомни животни.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *