Пробиотскиот леб е сѐ повеќе баран во светот

Вести Совети

Во модерното, брзо темпо на живот кое го практикуваме денес, вниманието и негата на своето тело и здравје понекогаш претставува сериозна обврска. Насекаде низ светот, човековото здравје се потпира на два клучни столба: физичка активност и исхрана. Да се биде физички активен е дополнителна обврска за која не секој може да одвои време, но планираната исхрана мора и може да биде олеснителна околност за благосостојбата на организмот.

И покрај бројните продукти на пазарот, треба да се одбере и консумира разновидна храна која ги содржи сите макро и микро-нутриенси. Пробиотиците се растителни влакна кои ги поддржуваат растот и нормалната активност на цревната микрофлора, со што воедно помагаат при зачувување на општото здравје.

Здравствената состојба на телото, во голема мера зависи и од дневниот внес на пробиотици. Тие делуваат во гастроинтестиналниот тракт, каде служат како храна избрана од „добрите“ бактерии во дебелото црево. Ако ги снабдуваме нашите „добри“ бактерии со нивната омилена храна, тие подобро ќе растат и ќе бидат поактивни во борбата против „лошите“ бактерии. „Добрите“ бактерии делуваат симбиотски со човечкиот организам и имаат повеќе полезни функции, меѓу кои и баланс на дигестивниот тракт и негова заштита од воспалителни процеси. Затоа, трендот на консумирање храна полна со пробиотици, во секаков вид, зема сѐ поголем замав.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *