Продлабочена соработката на МЗШВ со УСАИД

Вести

Министерот Љупчо Николовски, на вчерашниот состанок со тимот од USAID , предводен од директорот на техничката канцеларија, г-дин Едвард Гонзалес, разговараа околу перспективите за идната соработка.

На состанокот беше презентирано досегашното искуството од спроведувањето на Гаранциската шема формирана со финансиска поддршка од Владата на РМ и USAID, во партнерство со финансиските институции.

Паралено со одобрување на ИПАРД апликациите, се очекува да се зголеми интересот за кредити, а за дел од нив ќе бидат потребни гаранции кои би се обезбедиле преку постоечката шема. На средбата се разговараше за нови развојни иницијативи за поддршка на приватниот сектор, преку спроведување на пилот интеграциски проекти со цел зајакнување на вредносниот синџир – од производство до пазар, област во која USAID, има големо исуство. Беше претставен предлог проект, кој ќе биде темелно разгледан, со цел да се обезбеди усогласеност со политиките на МЗШВ и планираните мерки што треба да се спроведат за рурален развој во наредниот период.

Во рамки на USAID проектот за подобра бизнис регулатива, беше понудена поддршка за советодавните служби, како една од најважните реформи на кои се работи во овој период, како и за подготовка на подзаконски акти за Законот за семе и саден материјал, за што од страна на министерството постои голем интерес. Исто така, беше понудена и експертска помош за дефинирање на легислативата и начинот на ангажирање на сезонската работна сила, како многу важно прашање во земјоделството, и во однос на претстојните даночни рефрми во оваа сфера.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *