Трета година продолжува Манифестацијата “Избор на најуспешни во земјоделството” за 2021 година

Вести

Трета година по ред и единствена од ваков вид манифестација за „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“  ќе се одржи во Битола.  Земјоделското здружение „Современо земјоделство“ на едно место повторно ќе здружи земјоделци, агробизнисмени, трговци, претставници на инсититуции, компании, банки, осигурителни компании…сите чинители во земјоделскиот сектор без кои не може да се замисли едно модерно и профитабилно земјоделско производство. Ќе се доделат неколку признанија од различни области.

-Оваа година ни пристигнаа голем број на предлози, кој се, треба да добие признание за својата работа во оваа област. И навистина беше многу тешко да се направи изборот, посебно во година во која се донесени голем број на мерки за поддршка на земјоделството. Затоа, нема да штедиме на убави зборови и признанија за оние кои тоа навистина го заслужиле, за да добијат поттик уште повеќе да се вклучат во земјоделството и тоа да им биде приоритена гранка и пристојна егзистенција. Признанија ќе добијат успешни земјоделски производители, реномирани компании и стопанственици. Современото земјоделско производство е целта кон која се движиме, а тоа може да се постигне со ангажирање на сите чинители во овој процес, земјоделците, институциите и науката. Затоа особена чест ни претставува што трета година по ред ќе бидеме заедно на едно место, разговарајќи на земјоделски теми и дружејќи се – изјави Билјана Петровиќ, претседателка на ЗЗ „Современо земјоделство“.

Годинава „ Изборот на најуспешни во земјоделството“ финансиски е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а со медиумска и организациска поддршка од земјоделската платформа „Агротим“.

Манифестацијата ќе се одржи на 6 септември, понеделник во Ресторан СН Битола, со почеток во 16 часот. Настанот ќе започне со презентација на домашни земјоделски производи, механизација и промоција на земјоделскиот сектор. Во 17 часот е официјалниот дел и доделувањето на признанијата на најуспешните земјоделци, агробизнисмени и компании за 2021 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *