Friday, March 29, 2024

Професионалните земјоделци ќе добијат дополнителни субвенции

Вести Совети

 

Во првата категорија, условот за користење дополнителна помош од 5 проценти  го остварува регистрирано правно лице кое е основано од семејно-земјоделско стопанство со целиот земјоделски имот освен објектите за домување.

  • Втората категорија се младите земјоделци до 35 години на  кои  им следуваат  уште 10 проценти од основниот износ на субвенциите  поради нивното останување во руралните средини  како и за стимулирање на работењето во оваа дејност.
  • Третата категорија со поголема финансиска поддршка  се регистрираните индивидуални земјоделци или регистрираниот земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидско осигурување.

За нив, субвенциите се поголеми за 20 проценти.

На дополнителната помош, може да сметаат и земјоделците за чувањето на пченицата од домашно производство од реколтата во 2019 година, предадена во регистрираните капацитети за складирање во август годинава.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *