Почитувани риболовци,
Со оглед на тоа дека МРФ ќе биде домаќин на Јадранско-подунавскиот куп во дисциплина мушичарење во 2020 година, Ве известуваме дека во април 2020 ќе се одржи квалификационен натпревар за избор на екипи кои ќе учествуваат и ќе ја претставуваат Македонија на претстојниот Јадранско-подунавски куп во дисциплина “мушичарење“ на реката Треска во мај 2020 година.
Во прилог може да ги погледнете Програмата и Правилникот за одржување на Квалификационен натпревар во организација на Македонска Риболовна Федерација.
Бистро!
МРФ
pravilnik-kvalifikacii-JPK-2020 programa-kvalifikacii-JPK-2020