Промоција на македонски вина во Сингапур

Вести Винотека Лозарство

Со звуците на македонскиот кавал, под слоганот „Богатство од стариот свет“ денеска и во следните два дена со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се одржи промоција на македонските вина во Сингапур.

На овој настан специјално наменет за промоција на македонските вина, посетителите ќе имаат можност да ги дегустираат најквалитетните вина од повеќе македонски винарии.


На промоцијата се присутни сомелиери и претставници од најголемите дистрибутери на вино од Азија, што претставува добра можност за зголемување на извозот на македонското вино.

Сингапур е една од најразвиените земји во светот со увозна вредност на вино од 250 милиони евра годишно.

МЗШВ ќе продолжи и понатаму со конкретни активности за пронаоѓање на нови пазари за македонските земјоделски производи и вина.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *