Проретчење на плодовите во современото овоштарство, е корисно, како за вкупниот резултат, така и долгорочноста на самото овошје. Земјоделци, дали вие ги проретчувате плодовите на стеблата?
Сомнежот на многумина кои аматерски се занимаваат со одгледување на овошје, е дали е подобро да се проретчат плодовите или се да остави на дрвото со верување дека така приносот ќе биде поголем.
Што значи проретчување на плодовите?
Проретчувањето е мерка што ја користат овоштарите, како би овозможиле стеблата умерено да раѓаат, за да бидат квалитетни плодовите кои ќе останат на дрвото, како и да го заштитат плодот од кршење и пукање поради прекумерна плодност, пример доколку има суша. Некои видови на овошје сами ги отфрлаат одредени плодови и така сами прават проретчување.
Мерката која и претходи на проретчувањето на плодовите е отстранување на одредени гранки на дрвото, но тоа не е доволно, па неопходно е и понатамошно отстранување на одредени плодови.
Кога е вистинското време за проретчување на плодовите?
Совет од искусни овоштари е дека вистинското време за отстранување на овошјето е кога плодовите на гранките се со големина на орев. Во таа фаза може да се види кој плод е опрашен и оплоден, тој е понапреден и покупен и се остава, а додека малите и оштетените се отстрануваат.
Некои овошни дрвја може да формираат многу плодови на гранката, но ако не се проретчат, квалитетот и големината на овошјето ќе биде мала. Затоа се препорачува да се остават 5-6 плодови на гранката од 60 см кога се врши проретчувањето. На еден плод му треба простор од 10-12 см.
Начини за проретчување на плодовите на овошје
Најевтиниот начин и најчесто користен е рачното проретчување. Се одвива така што овоштарот отсекува неколку плодови и остава одреден број плодови на гранката. Ако дрвјата се пониски, плодовите може да се собираат и од земјата, а ако дрвјата се повисоки, тогаш треба да се обезбедат одредени скали или гајби на кои овоштарот може да се качи. Она што не се препорачува е качување на дрвото. Овој метод на проретчување, бара повеќе време отколку хемиското проретчување.
Друг начин на кој можете да го користите е да користите Fruit disk – овошни дискови за проретчување на овошјето. Можете да ги копирате и нема потреба да ги купувате овие дискови. Ова се шаблони со кои се мери дијаметарот на гранката и каде што ќе се направи пресекот, ви кажува колку овошје на гранката може да остане. Секогаш има отстапување, каде може да оставите некој плод плус, но мора да се отстранат најситните плодови. Всушност, ова е едноставна, но корисна алатка.
Хемиски проретчување на овошјето се базира на употребата на хемиски препарати. Постојат начини кои може да се користат во одредена фаза на цветање или формирање на плодот (одредена големина на овошје во мм), се применува прскање и некои плодови отпаѓаат. Она што е важно за хемискиот третман, пред се поволните временски услови, првенствено дождот е неповолен и температурите од 15-25 степени. Предноста на овој метод, во однос на рачното проретчување, е дека процесот се врши побрзо.
Треба да се води грижа за дозите што се користат за хемиско проретчување на плодовите, а потребната количина на вода за овој третман е околу 1000 литри.
Предности
Проретчувањето на плодовите има низа предности:
-Зголемување на квалитетот и големината на плодот
-Сите плодовите ќе бидат со слична големина
-Се намалува можноста за кршење и пукање на стеблата, а многу е мал губитокот, доколку се отстрани вишокот на плодови
-Овошјето може рамномерно да ги распореди хранливите материи во овошјето
-Сончевите зраци полесно продираат во плодовите кога се проретчени
– Врз основа на бројот на овошјето оставено на гранките, го знаеме најповолниот принос што ќе го добиеме.
„Современо Земјоделство“