Прва Комора на органски производители

Вести Органско производство

Вчера, во Куманово се одржа основачкото собрание на првата Комора на органски производители (КОП), на која присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Ова е прва комора од ваков тип, која ќе се приклучи кон семејството членки на најстарата и најбројна бизнис асоцијација во Република Македонија – Стопанската Комора на Македонија.

Во Комората на органски производители за почеток ќе членуваат повеќе од 100 члена од сите региони во државата, а се очекува дека оваа бројка постојано ќе се зголемува.

Проширувањето на семејството на членки укажува на значењето на стопанските комори и показател за степенот на развиеност на пазарната економија и демократијата во едно општество. Тие се динамични институции кои, пред се, имаат задача да го промовираат развојот преку поддршка на бизнисот. Тие се огледало на националните економски субјекти и застапници на интересите и гласот на бизнис-секторот.

“Современо Земјоделство”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *