Пуферите при исхраната на кравите и говедата

Вести Совети

Доколку правилно се употребуваат, пуферите во исхраната на преживарите, може да помогнат во спречување на намалување на млечноста, побрзо приспособување кон промената на храната и намалување на појавата на метаболитички болести.

Пуферите се особено потребни при исхраната со поголеми количини на концентрат, при преод од хранење со сено и трева до исхрана со силажа од пченка, исхрана со премногу иситнета сенажа или силажа, исхрана со голема количина на пченкарна силажа или пченкарно зрно, како и исхрана со поголема количина на кисела храна ( силажа или сенажа ).

Добро е познато дека лесно сварливите јаглени хидрати и кисела храна ја намалуваат pH вредноста на бурагот (ја закиселуваат содржината) што предизвикува ацидоза на бурагот. Додека премногу исецканата храна го намалува џвакањето и преживањето. При џвакањето и преживањето, се произведува плунка, која е неопходна за да ја навлажни храната и да го олесни голтањето, но уште поважно е што плунката е алкална, што значи е важен природен регулатор на киселоста на бурагот ( плунката содржи натриум и калиум бикарбонат, кои се одлични природни пуфери ).

При закиселување на бурагот, се пореметува односот на ацетатите ( соли на оцетната киселина ) и пропионатите ( соли на пропионската киселина ) , што како последица се јавува пад на мастите во млекото. Освен тоа во закиселен бураг, варењето на влакната е побавно, апетитот се намалува, со што дополнително се намалува преживањето и произведувањето на плунка, што уште повеќе го закиселува бурагот.

pH е хемиска ознака за киселост на одреден медиум. Водата како карактеристичен неутрален медиум има pH 7. Киселините имаат pH пониска од 7, така што киселината која е појака, ближи кон pH 1, што е ознака за апсолутна киселост. Од друга страна, алкалиите имаат pH над 7, а горната алкална ( базна ) граница е pH 14.

Пуферите го спречуваат падот на киселоста на содржината на бурагот, неутрализирајќи ги киселините внесени преку храната, киселините настанати при ферментацијата на храната и метаболизмот. Вистинските пуфери, го спречуваат закиселувањето ( падот на pH во премногу кисела средина ), но не ја подигнуваат pH над одредено ниво. Во вистинскик пуфери ги вбројуваме: карбонати, бикарбонати, калциев карбонат (варовник) и бентонит.

Пуферите се особено корисни при жешките периоди во годината,кога се намалува внесот на храна и се зголемува внесот на вода, производството на соли е намалено, а животните земаат пропорционално повеќе концентрати, отколку храна богата со влакна. Во текот на овој период, најдобро е да се замени калциум карбонатот со натриум карбонат или бикарбонат, бидејќи додадениот натриум ќе го надохнади натриумот кој се губи при потење и мокрење ( испирање на организмот поради поголемиот внес на вода во организмот ). Во тие случаеви, пожелно е во оброкот да се додава и готварска сол ( NaCl ). Доколку составен дел на исхраната е луцерка, не е потребно да се додава натриум, бидејќи самата таа е богата со натриум ( за разлика од пченката кај која натриумот е слабо застапен ).

Варовник (калциум карбонат) е многу евтин пуфер, кој го подобрува варењето на скробот и е погоден при хранење на кравите со големи количини на пченка. Покрај тоа, варовникот ја зголемува и pH во тенкото црево, со што ги стимулира ензимите и го подобрува варењето на јаглехидратите во цревата. Дополнителна корист од варовникот е тоа што служи како ефтин извор на калциум. Меѓутоа употребата на варовникот кај кравите кои се наоѓаат во т.н. сув период и кај бремените јуници, треба да се избегнува, бидејќи секој внес на калциум во овој период може како последица да се појави склоност на кравите кон млечна грозница, односно недостаток на калциум после пораѓање.

При правилна исхрана, pH на бурагот се движи помеѓу 6 и 6,5, и покрај тоа што во него се произведуваат големи количини на киселина (оцетна, пропионска и масна киселина). Оваа pH вредност е оптимална за варење на храната и одржување на сооднос помеѓу ацетатите и пропионатите над 3, како и одржување и развој на пожелните микроорганизми во бурагот. При исхраната со големи количини на житни култури ( првенствено пченица и пченка ) и ихрана со премногу иситнета храна, се намалува производството на плунка и се зголемува киселоста на бурагот ( рН паѓа ), паѓа нивото на ацетати и расте нивото на пропионати во бурагот (соодносот на ацетати:пропионати паѓа под 2.2).

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *