Работилница за унапредување на системот за идентификација на свињите

Вести

Во Скопје денеска ќе се одржи работилница за унапредување на системот за идентификација и регистрација на свињи.

Работилницата се организира со финансиска поддршка од Инструментот за претпристапна помош на Европската комисија – TAIEX.

Најавено е обраќање на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, кој ќе говори за мерките што се преземаат за унапредување на овој систем, како и за активностите што ги презема Агенцијата за отворање на европскиот пазар за свежо свинско месо.

На работилницата ќе бидат споделени и искуства на земјите членки на Европската унија.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *