Раководителот на МЗШВ ПЕ Прилеп, Зоран Пачешкоски, на терен делеше картички за „зелена нафта“

Вести

Тим од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп, денеска беа на терен во селата Големо Коњари и Мало Коњари.

-Ги затекнавме земјоделците секој со својата работа но пријатно беа изненадени од нашето присуство и можноста да добијат картички со 30% поефтина нафта. За нив ова мерка на Владата има голема важност бидејќи најголемиот трошок во производството е токму нафтата – изјави Зоран Пачешкоски – раководител на ПЕ во Прилеп.

Пачешкоски апелира до сите земјоделци да дојдат во нивните канцеларии и да ги подигнат картичките за „Зелена нафта“ и да ја искористат оваа поволност која им се нуди за конкурентно производство.

Откупот на тутунот е во тек, а од подрачната единица на МЗШВ велат дека тој се одвива непречено. Тутунопроизводителите го предаваат во откупните претпријатија со кои имаат склучено договор.

-Откупот се одвива нормално, со динамика предвидена како за почеток на секој откуп. Генерално земјоделците се задоволни од квалитетот на годинешната реколта и очекуваат повисока откупна цена.

Субвенциите си остануваат како лани, по класи односно за прва класа 80 денари за килограм, втора класа е 70 денари и за трета и останатите класи субвенцијата е 60 денари за килограм тутун – вели Пачешкоски.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *