Раноградинарите од с.Банско, задоволни од брзата реакција на институциите во реализација на нивните барања

Вести

Земјоделците, поточно градинарите од с.Банско, струмичко, испратија писмо до МЗШВ, локалните самоуправи и Министерстово за економија, во кое побараа помош во делот на продажбата и извозот на градинарските култури, особено за лутата пиперка.

После ова нивно барање, надлежните од МЗШВ веднаш со нив стапиле во контакт и работеле на совладување на овој проблем преку реализација на барањата на земојоделците.

Токму, поради брзата реакција на ресорното земјоделство, градинарите од овој крај на државата, во знак на благодарност, испратија ново писмо во кое се заблагодаруваат на гореспоменатите институции за брзата и навремена реакција.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *