Распишан тендерот за изградба на откупно-дистрибутивниот центар во Скопје

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, синоќа, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, информираше дека е распишан тендерот за изградба на досега наjголемиот откупно-дистрибутивен центар во Гази Баба во Скопје. Изградбата на центарот ќе чини околу 20 милиони евра.

– Од денеска до 17 ноември се бира меѓународна консултантска компанија за проектирање, надзор, дефинирање на бизнис план, основниот проект. Ова е доказ дека не зборуваме само декларативно, туку на дело се случува. Ги повикуваме компаниите да се јават на тендерот – рече вчера Николовски.

Посочи дека тоа ќе биде најголемиот капитален проект во земјоделството заради тоа што на обиколницата околу Скопје ќе има модерен дистрибутивен центар којшто ќе чини околу 20 милиони евра и ќе го покрива целиот овој регион.

Николовски додаде дека веќе тече и тендерската постапка за центрите во Струмица и во Ресен.

– Тие се три главни центри што треба да ги поврзат сите главни клучни земјоделски региони. Тие ќе ги променат навиките на земјоделците, ќе променат се во земјоделството, заради тоа што ќе бидат место каде што ќе се најде и понудата на земјоделските производи, нивното пакување, калибрирање, ќе има ладилници…., рече Николовски

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *